Кумановските пожарникари изминатото деноноќие бележат три интервенции, информира Регионалниот центар за управување со кризи. Првата интервенција била на опожарена куќа на улицата „Доне Божинов“. Зафатени биле три врати, фасада на објектот и клима уред. Пожарот е локализиран. Причинанета е поголема материјална штета, чија висина допрва ќе се утврдува. Причината е непозната.
Втората интервенција била на опожарена сува трева во атарот на село Речица. Пожарникарите имале и техничка интервенција во сообраќајна несреќа која се случила во Доброшане.