На патниот правец Куманово – Крива Паланка кај село Страцин од вчера е активирано свлечиште со кал и земја, со што е зафатена една лента од патот.
Од Авто мото сојузот на Македонија препорачуваат внимателно возење и следење на поставената сообраќајна сигнализација.
Екипите на јавното претпријатие Македонија пат интензивно работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на двете ленти за непречено одвивање на сообраќајот.