Кумановци станаа државни прваци во Вело крос

Во охридско Љубаништа вчера се одржа велосипедска трка Државно првенство во Вело крос дисциплина. „Трката се одвиваше на екстремно ниски температури и силен ветер како што е и карактеристика за дисциплината Вело крос“, информираат од клубот.

Кумановскиот клуб Вело-М Термалифт брилираше во сите возрасни категории постигнувајќи, 1-во место во Јуниори – Немања Пауновски, 2-ро место во Јуниори – Валентино Петковски, 1-во место во Кадети – Леон Милетиќ и 2-ро место во Сениори – Александар Милошевски.

Победниците на трката се стекнуваат со назив Државен првак во Вело крос и носат посебен дрес со македонско знаме.

Останува уште една трка во купот на Вело крос, а истата е предвидена да се одржи во Пелинце, Куманово на крајот на месец февруари.