Започна крпењето на ударните дупки во градот. Екипа денеска ги санираше оштетените делови на улица ,,Бајрам Шабани”. Првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски истакна дека во првата фаза е предвидено да се асфалтираат оштетените улици во централното градско подрачје, а потоа ќе се интервенира на сообраќајниците во приградските населби.
-Направена е динамика за она што се вели реконструкција на постоечка патна инфраструктура и поставување на бекатонски плочки, тротоари, комуникација на ситни улици, таму кадешто може да се постават бекатонски плочки, затоа што нема решена комунална решена инфрастурктура-изјави Зоран Дамјановски, градоначалникот на Куманово.
Паралелно со крпење на ударните дупки, ќе се поставуваат и бекатон плочки, на површина од околу 20 илјади квадратни метри.
-Почнувајќи со тротоарната изведба на улицата Народна револуција кај Браќа Миладиновци и другата страна, улица Црнотравска и ќе имаме 10.000 квадранти метри тротоари и улици од мали димензии каде не може да се постави асфалтна подлога заради комуникациски врски, околу 22 илјади метри квадратни бекатон ќе бидат поставени во наредниот период-нагласи тој.
Дамјановски истакна дека за 10 ина дена треба да започне и поставувањето на потпорен ѕид во Гладно поле, а во тек е и тендерска постапка за санација на мостот во населбата Карпош. За 20-ина дена е планирано да започне и реконструкцијата на канализациона мрежа во градот, на површина од околу 26 километри.