ВИДЕО: Тече реконструкцијата на детски диспанзер и Итна помош

Здравствениот дом во Куманово продолжува да ги реконструира објектите на детскиот диспанзер и Итната медицинска помош. Надлежните информираат дека градежните работи се при крај, по што ќе продолжи и санацијата на дел од објектот во Тоде Мендол, каде е предвидено да се отвори и лабораторија.

Во двата објекти се вршат целосни реконстркции, кои се спроведуваат со сопствени средства на установата, над 4 милиони денари.

Надлежните информираат дека по завршување на градежните работи ќе се распише нов тендер за набавка на инвентар. Плановите се во идниот период да се реконструира и објектот на Школската амбуланта, иако таму работите ќе бидат отежнати.

Од установата информираат дека располагаат со доволен број на вработени, но сметајќи ги и лицата кои се со договор на дело.  Во Здравствениот дом во моментов на овој начин се ангражирани над 40 лица. Тие работат без здравствено и пензиско осигурување.

Посочуваат дека годишно по неколкупати аплицираат во Министерството за здравство. Лани им било одобрено вработување на 17 лица, но само здравствени работници, не и технички персонал и администрација.