Утрово во 03.00 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода двајца жители на кумановското село Тромеѓа на возраст од 46 и 50 години. Тие се сомничат дека неколку часа претходно, во селото Тромеѓа, му нанеле тешки телесни повреди 41-годишен кумановец констатирани во Општа болница Куманово. Двајцата напаѓачи се приведени во полициска станица,а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшт МВР.