Кумановските пожарникари изминатото деноноќие бележат три интервенции на исто толку локации, а една имале и пожарникарите во општина Старо Нагоричане. Тројца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале на запален оџак на улицата „Драгиша Шупаревски“. Во близина на Гимназијата „Гоце Делчев“ пожарникарите гаснеле запален контејнер. Кај спомен Костурница интервенирале четворица пожарникари кога се запалил автомобил. Една интервенција во текот на изминатото деноноќие имале и пожарникарите во општината Старо Нагоричане. Двајца пожарникари интервенирале на гаснење запалена сува трева и нискостеблести растенија покрај магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.