Извршена е кражба од непознат сторител завчера во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во селото Драгоманце, општина Старо Нагоричане.
СВР Куманово инфомира дека на 14 февруари околу 08 часот изутрина во Полициското одделение Старо Нагоричане било пријавено дека со употреба на сила било влезено во основното училиште во селото Драгоманце и биле одземени повеќе предмети, но во соопштението не се прецизира за какви предмети станува збор.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.