Полицијата со неколку акциски контроли

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 174 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 106 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 68 надвор од населено место. Спроведена е и засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 67 возачи. За време на контролата санкционирани се и 118 останати прекршоци. Спроведена е и акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 37 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед било упатени четири возила.