Согласно Одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово, донесена на седница на Советот на предлог на градоначалникот Максим Димитриевски, сите граѓани ќе можат бесплатно да користат општински линиски превоз до 30-ти јуни годинава, на сите линии согласно утврдените возни редови.
Општината објави и интерактивни мапи на линиите кои може да се најдат на веб страницата.
На мапите можат да се видат сите постојки за секоја линија поединечно, за поаѓање и враќање, како и времето на доаѓање на автобусот за секоја постојка посебно.
Од општината напоменуваат дека времето на поминување на автобусите на постојките зависи од повеќе надворешни фактори во сообраќајот.
Бесплатен Јавен Превоз – Мапа на постојки со време на поаѓање и враќање за секоја линија поединечно