Пожарникарите бележат четири интервенции
Кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие бележат четири интервенции, од нив три биле на запалена сува трева.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарникарите интервенирале на запалена сува трева кај месноста викана Митев мост, Долно Којнаре, и населба Карпош.
На улицата „Моша Пијаде“ ноќва изгорела и автомобил. Интервенирале тројца пожарникари во период од 01:40 до 02:30 часот. Од полицијата потврдија дека било пријавено дека на улицата Моша Пијаде настанал пожар во паркирано возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на 34-годишен кумановец. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.