МВР: Вонреден технички преглед за двеста возила кои вршат јавен превоз

Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот, санкционирани се 32 прекршоци, од кои 19 поради неисправен уред за запирање.

Како што денеска информираа од МВР упатени се на вонреден технички преглед 200 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници.