Малопродажната цена на дизел горивото од вечерва на полноќ се намалува за 1 денар по литар, додека нафтата за домаќинствата поевтинува за 1,5 денари. Цената на бензинот од 95 октани се зголемува за 1 денар, додека бензинот од 98 октани поскапува за 1,5 денари по литар. Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,5 денари за килограм.
Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 82,00 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 84,50 (денари/литар)
Дизел горивото 73,00 (денари/литар)
Масло за горење 72,00 (денари/литар)
Мазут 37,628 (денари/килограм)