Утре ќе се одржи 50-та седница на Советот

Во кружната сала на зградата на поранешните општествено-политички организации, Комитет утре ќе се одржи 50-тата седница на Советот на Општина Куманово. Вкупно за разгледување има 16 точки.

На дневен ред ќе се најдат извештаите за работа на јавните претпријатија  Водовод, Чистота и Зеленило, Куманово-гас, јавната установа библиотека Тане Георгиевски и друго.

Советниците ќе расправаат и за предлог програмата за енергетска ефикасност на Општина Куманово, 2016-2018, како и акциониот план за оваа година, предлог одлуката за утврдување на услови за начинот на градење во село Умин Дол, за кое нема урбанистички план.

На крај следат и предлог-одлуки за донесување измени и дополни на детални урбанистички планови на улици, плацеви и слично. Седницата која ќе започне во 10 часот, може да ја следите директно на Телевизија Плус.

Коментари

коментар(и)