Во најголемата општина во земјава веќе неколку месеци се реализира програмата за повластен паркинг простор за лицата со попреченост. Советот на Општина Куманово донесе одлука 3 милиони денари да се одвојат за оваа намена. Интересот за користење повластен паркинг велат надлежните е голем. Но, деновиве советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата покренаа иницијативи ваквата повлност во Куманово да ја користат и лицата со попреченост од останатите градови во земјава, но и за прв пат да се означат места од чие користење средствата би завршувале во хуманитарни цели.
МНОГУ ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА ОД РАЗГОВОРОТ СО КООРДИНАТОРКАТА НА СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА, ЕЛЕНА ДОЦЕВСКА БОЖИНОВСКА ВО ВИДЕОТО.