На шести мај годинава се одржа Државниот натпревар по англиски јазик, во организација на Здружението на наставници по англиски јазик ЕЛТАМ.
Мила Смилевска од 1-3 клас го освои првото место во конкуренција на прва година од средните училишта со освоени 98 поени.
„Ова е огромен успех лично за Мила, но и за Гимназијата и Куманово, како најдобар пласман до сега на ова натпреварување кое започна во 2000 година“, изјави м-р Елена Марковска, ментор.
Успешно учество постигнаа и останатите учесници од нашата Гимназија: Ива Пешевска 1-8 клас како 6-та во државата, ментор на Мила и Ива е м-р Елена Марковска. Мила Пешиќ 2-7 клас заврши на 7-мо место, ментор Благица Гавриловска Цветковиќ, Јован Денковски 2-2 клас на 8-мо место, ментор Александра Маневска. Од трета година солидно се претставија Луција Петровска 3-11 клас и Немања Крстевски 3-2 клас, ментор Мери Маневска.