Продолжува реконструкцијата на улиците

Улицата Крушевска република, која се наоѓа во близина на општата болница, како и делови од Сава Ковачевиќ и Боро Прцан, наскоро ќе добијат бекатон плочки. Градежна екипа утринава работеше на тампонирање на улиците. Од Секторот за урбанизам при Општина Куманово информираа дека бекатон плочки ќе бидат поставени на околу 1.800 метри квадратни.  Овој зафат е дел од програмата за санација и одржување на патната инфраструктура во градот и периферијата. Жителите истакнаа дека се задоволни од потегот на локалната самоуправа. Тие се радуваат што по повеќегодишните ветувања, овој проблем ќе биде минато.

-Многу сум благодарна што се прави улицата, јас откако дојдов тука веќе 50 години беше таква. Деца во школо одат валкани, преку зиме беше најлошо-додаваат тие.

 

Инаку паралелно се прават подготовки за отпочнување на работа и на улиците 22 и 24 во населбата Карпош. Асфалт веќе добија жителите на една од улиците во село Лопате како и во Долно Којнаре.

 

 

 

Коментари

коментар(и)