ВИДЕО: ГФК Куманово против Шкендија в недела во Доброшане

Градскиот фудбалски клуб Куманово в недела ќе се натпреварува со екипата на Шкендија од Арачиново. Натпреварот ќе се одигра на спортскиот терен во селото Доброшане со почеток во 15 часот.

Повеќе детали за претстојниот натпревар од изјавите на капитенот на ГФК Куманово, Горан Трајковски и тренерот на клубот, Даниел Стојановски.