ВИДЕО: Повеќе настани и фестивали по повод државниот празник „11 Октомври“
Во просториите на Занаетчискиот дом, в.д директорот на Фондацијата за култура и спорт „Куманово” Марио Арангеловски денеска одржа прес-конференција по повод програмата за одбележување на Денот на народното востание -„11 Октомври”. Кумановци и годинава ќе имаат можност да уживаат во „Арт атак“ фестивалот, „Куманиум“ и „Гитаријада“.