Се реши повеќедеценискиот проблем на дел од жителите на населбата„ Ајдучка чешма“. Улиците „522 “ или како што граѓаните ја нарекуваат улица „Бара“ и „500“ добија асфалт што значи дека одењето по кал и дупки веќе е минато. Граѓаните се благодарни на локалната самоуправа што ги зела предвид нивните барања за решавање на проблемот.
Улицата „522 “ вчеравечер беше свечено пуштена во употреба со сечење на лента од градоначалникот Зоран Дамјановски, претседателката на форумот на жените на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија , Атина Мургашанска и заменик директорката на гимназијата „Гоце Делчев “ Соња Тодоровска, во присуство на претставници на локалната власт и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– Станува збор за еден раздвижен дел на градот каде што имаме единствена школа каде имаме најголем број ученици од прво до 8 одделение. Ги направивме улиците „500“ и „522“ на површина од 3.600 метри кадратни , претходно го направивме и канализациониот систем и продолжуваме со актиностите, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово
До крајот на годината ќе бидат решени поголем број на комунални проблеми во централното градско подрачје, но и во приградските населби како дел од програмата на општината за решавање на патната и канализационата инфраструктура. Ќе бидат асфалтирани улици со површина од околу 35.000 метри квадратни , бекатон плочи ќе бидат поставени на површина од 20.000 метри квадратни и ќе биде изградена 26 километарска канализациона мрежа.
Градоначалникот најави асфалтирање и на улиците 6 април и 30 јули во населбата „Перо Чичо“.