Изминатиот викенд беше организирана и успешно реализирана акција за собирање на кабаст отпад на четири локации која наиде на голем одзив од страна на граѓаните, информира директорот на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, Даниел Стојчевски.
Вкупно биле собрани околу 40 кубни метри кабаст отпад. Претежно мебел, теписи, апарати за домаќинство. Отпадот се депонира на градската депонија „Краста“ каде соодветно се третира и уништува.
Во иднина ваквиот тип на акции за собирање ќе бидат почесто организирани, посочува Стојчевски.