ВИДЕО: Утре седница на Советот на општина Куманово
Советот на општина Куманово утре ќе одржи редовна седница на која ќе се расправа за 21 точка, доколку нема измени и дополнувања на дневниот ред. Пред советниците ќе се најдат финансиските извештаи на јавните претпријатија, но и информацијата за преземени мерки и активности од страна на Полициската станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од годинава.
Седницата можете да ја следите директно на програмата на Телевизија Плус, со почеток во 10 часот.