Јавното претпријатие „Куманово- гас“ годинава реализираше 96 нови приклучоци, а пак 90 домаќинства од Куманово добија субвенции од Владата за користење на природниот енергенс за затоплување. Претпријатието и оваа година во периодот од јули до 30 септември работело со загуба. Во наредниот период се планира да се прошири дистрибутивната мрежа кон индустриската зона во Доброшане.