ВИДЕО: Трибина „Безбедноста на граѓаните на Куманово и Македонија“
Граѓански форум Куманово вчеравечер во Занаетчиски дом ја одржа првата јавна трибина на тема: Безбедноста на граѓаните на Куманово и Македонија. Воведен збор на трибината имаше идејниот творец на здружението проф. Симеон Гелевски, а вонредниот професор по безбедност Иван Бабановски се осврна на севкупната безбедност на Балканот, но и во Македонија со свои видувања и согледувања на натрупаните проблеми во повеќе сегменти кои бараат нивно решавање.
Граѓаните зедоа активно учество во дебатата со повеќе предлози кои ќе бидат нотирани, а подоцна проследени до надлежните институции.
Граѓански форум ќе одржува јавна трибина еднаш месечно. Следната е во јануари идната година , а темата ќе биде „Деформитетите кај младите генерации и подобрување на нивната психофизичка состојба.