Алексеј Стојановски, член на Тенискиот клуб „Тумба“ од Куманово постигна одлични резултати во текот на изминатиот викенд.
Стојановски освои трето место на Отвореното тениско првенство за јуниори и јуниорки до 14 години кое се одржа на тениските терени на ТК „Поинтер“ од Скопје.
„ Како клуб уште еднаш упатуваме честитка до нашиот член за одличниот настап и добар резултат со желба и надеж во иднина да се радуваме на уште подобри и поголеми резултати“, велат од ТК „Тумба“.