ВИДЕО: Промовирана сликовницата „Јовка кумановка“
Во основното училиште „Кочо Рацин“ денеска беше промовирана музичката фолк сликовница „Јовка Кумановка“. Сликовницата е издадена со вложувањето во народната музичка култура за зачувување на музичкото народно културно наследство на млекарницата „Бучен Козјак“, како проект за општествена одговорност. Куманово.Сликовница е во издание на здружението „Фолконика“.
Инаку, компанијата „Бучен Козјак“, е општествено одговорна компанија, која континуирано вложува во заедницата, а со овој проект, ја потврдува својата општествена одговорност, преку поддршката на музичката култура и придонес кон негување и зачувување на богатата народна и фолкорна музичка традиција.
Компанијата годинава ја прославува својата 40-годишнина од постоењето, како докажана и една од најуспешните компании од македонската млечна индустрија.
Производите на „Бучен Козјак“ се доминантни во потрошувачката кошница на купувачите, поради континуираниот квалитет и традиционалниот начин на производство, кој ја прави уникатна на пазарот, одвојувајќи ја од конкуренцијата. Производите на млекарницата се препорачани од Здружението на педијатри на Македонија.