Новогодишната магија пристигна и во Куманово

Новогодишната магија пристигна и во Куманово. Централното градско подрачје светна во новогодишно руво, носејќи радост и возбуда и кај децата и кај возрасните. Градоначалникот Димитриевски информираше дека во минатото се ангажираа компании за украсување, по што истите си ги земаа назад украсите бидејќи се нивна сопственост, а сега веќе две години по ред Општината украсува со сопствени новогодишни украси, кои согласно плановите ќе можат да се користат и наредните години, при што постојано ќе се зголемува бројот на украсни елементи, а Куманово секоја година ќе добива нови украси кои ќе бидат се поубави и поубави.