Фото кино клуб Козјак одбележа 75 години успешно постоење. Вчеравечер во просториите на Занаетчиски дом присутните имаа можност да погледнат неколку кратки филмови, изложба на уметнички фотографии, награди, признанија и се` она што клубот творел, почнувајќи од 1948 -та година во Куманово. Изложените дела се показател на сериозноста и посветеноста со која и пристапуваме на оваа уметност и претставуваат уште еден доказ за оправданоста на интернационалното реноме кое го има клубот, псоочуваат од ФКК „Козјак“ .