Полициски службеници од СВР Куманово викендов лишиле од слобода четири лица на возраст од 17 до 22 години, жители на Черкези, Матејче и Куманово за физички напад врз 19 годишен жител на липковското село Ваксинце.
Тепачката се случила на улицата „Гоце Делчев“ во центарот на Куманово.
Надлежните инфорормираат дека напаѓачите биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.