„Рома труба фест 2024 “ на 18 јули во Куманово
Дувачки оркестри од Македонија, Србија и Бугарија и српската поп пејачка Анабела ќе бидат дел од 19-то издание на „Рома труба фест 2024“ во Куманово.
Фестивалот е во организација на Ансамблот на ромски народни игри и песни „Рушит Шакир“, а ќе се одржи на 18 јули на градскиот плоштад.
„Рома труба фест 2024“ е од ревијален карактер, а се одржува под покровителство на министерството за култура и општина Куманово.