Над сто парфеми „Гисада“ во вредност од 240 илјади денари се запленети од страна на царински службеници на влез на граничен премин Табановце откако возач на автобус без да ги пријави се обидел нелeгално да ги внесе во државата, информираат од Царинската управа на Македонија.
-На прашање од страна на царинските службеници дали има нешто за пријавување возачот изјавил дека носи само лични работи. Притоа извршена е детална контрола при што во багажот во пределот за алати се пронајдени вкупно 106 парфеми за кои што возачот требало да плати увозни давачки во висина од 49 илјади денари, информираат од Царинската управа.
Против превозникот е поднесена прекршочна пријава заради непочитување на царинските регулативи.
