Ангелов: Пожарот во Кокошиње го гаснеа хеликоптери и авиони

Пожарот во село Кокошиње во кој настрада повозрасен кумановец го гаснеле полициски и воени хеликоптери, како и три авиони од типот „ер трактор“, информираше вчера попладне директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

„Според првите информации изгореа неколку куќи, некои се стари и напуштени, а некои се нови и во нив живеат жителите на селото кои беа успешно евакуирани. Пожарите избувнаа речиси истовремено и поради тоа беше многу тешко да ги изгасна. Во гаснењето на пожарот учествувале полициски и воени хеликоптери, како и три авиони од типот „ер трактор““, изјави Ангелов.