Ќе започне изградбата на гасоводната мрежа во Доброшане
Деновиве ќе започне изградбата на гасоводната мрежа во Доброшане, информираат надлежните од ЈП „Куманово гас“.
„Обезбедена е комплетната документација, подготвен е проектот, градежната дозвола, решението веќе е правосилно“, посочува директорот Марко Митровски, потенцирајќи дека целна група ќе биде бизнис заедницата, но и сите домаќинства покрај кои ќе помине гасоводната мрежа во ова населено место.
Директорот најавува и два нови приклучоци во градот, големи потрошувачи, а тоа се средното техничко училиште „Наце Буѓони“ и ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“.
