Екипи на комуналното претпријатие ги санираат последиците од невремето

По силното невреме кое го зафати Куманово, екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ за итни интервенции вчера попладне веднаш започнаа со активности за расчистување и санирање на последиците.

„Обилните врнежи, силниот ветер и град предизвикаа оштетувања на инфраструктурата, поплави и паднати дрвја на патиштата. Работејќи на отстранување на паднатите дрвја, чистење на затнатите канали и санирање на оштетените објекти, преку мобилизација на сите расположливи ресурси, се настојува да се воспостави нормално функционирање во најкраток можен рок“, велат од комуналното претпријатие.

Екипите на „Чистота и зеленило“ расчистуваа наноси од песок и камења на повеќе локации во градот и денеска на кружниот тек кај Митев мост и градскиот кеј.