Промоција на документарниот филм „The Hip-Brainstorm“ во Занаетчиски дом

Долгометражниот музички документарен филм The Hip-Brainstorm в среда со почеток во 19 часот ќе биде прикажан во Занаетчиски дом – Куманово.

Темата ќе биде кумановската музичка сцена во периодот од 1988 до 2003- та година кога Љубиша Петрушевски, основачот и декан на Еуро Колеџ, активно се занимавал со музика. Петрушевски во тоа време бил и претседател на Музичката младина.

Инаку, документарниот филм е во режија на Јане Алтипармаков, а во продукција на Петрушевски. Филмот бил промовиран во 2020-та година во Скопје, а е прикажан во уште неколку градови, како и на меѓународни фестивали.

Подетално за почетоците, снимањето, промоцијата на филмот, но и наградите во вестите во 18 и 22 часот, од изјавата на Љубиша Петрушевски.

Коментари

коментар(и)