Започнаа меѓународните саеми „Органска трпеза“ и „АгроМак“

Во Спортско-рекреативниот комплекс во Куманово од денеска до 29 септември ќе се реализираат меѓународните саеми „Органска трпеза“ и  „АгроМак“.

На седмиот меѓународен саем на органски и традиционални производи, „Органска трпеза“ посетителите ќе имаат можност да се запознаат со најдоброто од органската храна, односно со производители кои посветено го негуваат традиционалниот начин на производство и технологии кои го почитуваат природниот баланс.

„АгроМак“ е третиот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработка, кој претставува уникатна платформа за претставување на најновите иновации и трендови во агро-индустријата.

Меѓународните саеми ги прогласи за отворени градоначалникот Максим Димитриевски. Во своето обраќање пред присутните, меѓу останатото рече „

„Можеби годинава е поскромно, но факт е дека се трансформираше во традиција на органско производство и храна. Следната година очекувам тимска работа, поголемо присуство и поголеми резултати.

Организаторите доделија и плакети на своите соработници.