Општина Куманово веќе трета година води постапка за добивање на одобрение за поставување на видео надзор на јавните прометни површини.
-Видео надзор во моментов во Македонија има поставено само во општина Кавадарци и истиот проект е во реализација на МВР, а корисник општината. За жал, ние водиме веќе трета година постапка за добивање на одобрение за поставување на видео надзор на јавните прометни површини и се уште немаме резултат за тоа, затоа што нашето законодавство е такво какво што е во делот на заштита на личните податоци. Но, се надевам со учеството или директно, да кажам, учество на мене и локалните претставници во извршната власт на централно ниво ќе успееме и дел од тоа законодавство да го прилагодиме на нашите потреби за да можеме да имплементираме еден ваков проект. Секоја година општина Куманово во буџетот планира средства за поставување на видео надзор на одредени локации, но никако да дојдеме до моментот за потребната документација и согласности од надлежните институции да истото биде имплементирано. Со последната одлука за поставување на видеонадзор на градската депонија каде што одвоивме средства за тоа и за оградување на депонијата, доаѓам до заклучок дека јас во овој момент како градоначалник треба да поставам видео надзор на градска депонија, а не можам во централно градско подрачје каде што секојдневно се уништува скапиот имот на општината, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово