Намалување на цените на еуросупер бензините и од 95 и од 98 октани за половина денар стапи на сила од вчеравечер на полноќ, кај цената на еуродизел нема промена, а екстра лесното масло за горење се покачува за 0,5 денари одлучи Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
– моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 74,50 (денари/литар)
– моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 76,50 (денари/литар)
– дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 67,50 (денари/литар)
– масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 67,00 (денари/литар)
– мазут М-1 НС – 41,672 (денари/килограм).