Трoјца кумановци се повредени при судар на две возила на ул.„Братство и единство“.
Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 62-годишен возач од Куманово и патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 60-годишен кумановец.
Во незгподата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на „шкода“, а со телесни повреди се здобил другиот возач и неговиот сопатник на возраст од 44 години, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово, соопштија надлежните.