Тошковски и Дачиќ на средба со градоначалникот Димитриевски
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на РС Ивица Дачиќ при денешната посета на Куманово оствари средба и со градоначалникот Максим Димитриевски.
Како што изјави Димитриевски, со Дачиќ и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски разговарале на повеќе теми.
– Ми претставува чест и задоволство што тука се две високи делегации. Првата, која ни доаѓа од братска Република Србија претставена од вицепремиерот во Владата министерот за внатрешни работи од Србија, Ивица Дачиќ и нашиот министер за внатрешни работи со неговата висока делегација, Панче Тошковски. Разговаравме на повеќе теми, само го потврдивме тоа што сите го знаат дека граѓаните на општина Куманово, македонскиот и српскиот народ, биде се и ќе бидат блиски, ние сме должни да ги градиме тие мостови на пријателство. Му благодарам на вицепремиерот на Република Србија што отворено се понуди за каков било вид соработка и на централно и на локално ниво, дури и со општините, а воедно и на нашиот министер за внатрешни работи во делот на придонесот што го даваат како ресорно министерство во делот на јавната безбедност и сето она што тие го покриваат.
Денеска заедно ќе го разгледаат градот, на неколку места, локации посетата ќе продолжи до крајот на денот, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово