Дел од новите садови за смет викендов завршиле во реката Кумановка, откако несовесни граѓани ги демолирале.
– Кршење и демолирање на новопоставените корпи за отпадоци на Градскиот кеј укажува на континуиран проблем со вандализмот и недостаток на соодветна грижа за јавниот простор. Апелираме до сите граѓани – со своето знаење направете било каков чекор во придонес за поздрава животна средина за сите нас, велат од ЈП „Чистота и зеленило“.
Инаку, корпите беа поставени изминатиот викенд како соработка на ЈП „Чистота и зеленило” и Општина Куманово со Мен енд Маунтен и со поддршка на невладината организација „СОН” од Гент, Белгија.