Мирен протест на жителите на Шупли камен
Жителите од Шупли Камен денеска мирно протестираа на влезот од селото, барајќи од ЈПЖРСМ Инфраструктура да обезбеди дополнителен премин за поминување кон реката и нивите од спротивната страна на селото. Од ЈПЖРСМ велат дека за жителите изградени се други премини, асфалтиран е патот кој обезбедува функционирање и безбедно преминување и не можат да дозволат да се поминува преку пругата.
Месното население вели дека ќе продолжи со блокадите, нема да отстапат, сè додека не им се реализираат барањата.