Одбележан Денот на Македонската револуционерна борба
Со изложба на дваесетина фотографии и проекција на филм за ликот и делото на Гоце Делчев во Занаетчиски дом, Фондацијата за култура и спорт под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово денеска го одбележа Денот на Македонската револуционерна борба. Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун.
Пригоден говор пред присутните прочита Ивона Краљевска, ученичка во трета година во СОУ „Перо Наков“ . Таа меѓу останатото рече,
„ за остварување на македонскиот народ за ослободување од турското ропство беше потребно создавање на една цврста револуционерна организација која ќе биде исцело прифатена од широките народни маси. Темелите на таквата организирана сила, која требаше да ја обедини и раководи борбата на македонскиот народ за слобода и неговата самобитност беа поставени во илјада осумстотини деведесет и трета година. Таа година на 23 Октомври, во Солун се одржа основачки состанок. Тогаш, шестмината основоположници на Македонската револуционерна организација: Христо Татарчев (роден во Ресен, лекар), Даме Груев (роден во Смилево-Битолско учител и училишен инспектор), Петар Поп Арсов (роден во Богомила — Велешко, учител во Гимназија „Кирил и Методи“ во Солун), Антон Димитров . (роден во Ајватово — Солунско, учител по турски јазик во Гимназијата „Кирил и Методиј” во Солун), Христо Батанџиев (роден во Гуменџе-Воденско, учител) и Иван Хаџи Николов (роден во Кукуш, книжар во Солун, професор во Солунска Гимназија „Кирил и Методиј”), ги разменија своите мислења за физиономијата и целите на Организацијата.
Во чест на денот на македонската револуцинерна борба присутните ја слушнаа песната „Татковина“ во интерпретација на Михаела Трајковска, исто така ученичка во ЄОУ,Перо Наков“ .