Нови вработувања до крајот на годинава ќе има во домот за стари лица „Зафир Сајто “. Ова го соопшти денеска директорот Дејан Стојановски. Според него, добиена е согласност за вработување на поголем број лица од министерството за социјална политика, но ќе бидат ангажирани 10 или 11 лица, претежно негуватели и помошно- технички персонал.
Во меѓувреме, во Домот „Зафир Сајто“ преку повеќе активности се одбележува Неделата за грижа на старите лица, информираат надлежните.