Куманово стана дел од меѓународна Асоцијација

Куманово заедно со Скопје и Гостивар потпиша Декларација со која пристапи на Асоцијацијата на градови на локални лидери на групацијата 16 плус 1, односно земјите од Источна и Средна Европа и Народна Република Кина, информираше денеска градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски. Тој како дел од претседателството на ЗЕЛС присуствуваше на Самитот на локалните лидери на земјите членки на Асоцијацијата. Целта на ваквите средби е дефинирање на активните комунални инфраструктрни проблеми и изнаоѓање проекти за нивно побрзо решавање преку остварената комуникација на Средна и Источна Европа со Азија.

-Суштината на иницијативата на групацијата Средна Источна Европа 16 плус 1 ,  Кина е да се направи соработка во насока на економскииот развој пред се социјалата, културата и сите оние делови од општествениот живот кои се битни за функционирање на општеството,  изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Целта на ваквите средби е дефинирање на активните комунални инфраструктурни проблеми и изнаоѓање проекти за нивно побрзо решавање преку остварената комуникација на Средна и Источна Европа со Азија.

-Суштината на проектите е пред се инфраструктурни , во потег е изградба од првите 10 милијарди донации која е направена после Прашката средба , изградба на железницата Будимпешта-Белград кој е прв проект од оваа Асоцијација со тенденција да се продолжи надолу и во другиот правец, изјави Дамјановски.

Следната средба е закажана за септември месец повторно во Кина. Градоначалникот се надева дека на есен ќе се врати со конкретни најави за некои инфраструктурни проекти.

 

Коментари

коментар(и)