Новогодишни пакетчиња за децата без родители и за корисниците на здружението на глуви и наглуви

Во просториите на општина Куманово денеска претседателката на Советот на општината Ивана Ѓорѓиевска и раководителот  на секторот за социјална заштита, Александар Крстевски заедно со Дедо Мраз, традиционално поделија новогодишни пакетчиња на деца без родители и родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства. Од името на локалната самоуправа, на им беа упатени искрени желби за низа успеси и радости во новата 2025 година.

Ѓорѓиевска и Крстевски подоцна ги посетија и корисниците на здружението на глуви и наглуви лица од Куманово во рамките на новогодишната агенда, со цел и таму да се подарат овогодишни пакетчиња.

Вчера, пак новогодишни пакетчиња градоначалникот Максим Димитриевски им подари на дечињата на Одделот за детски болести во Општа болица Куманово.