Во месец декември според програмата на Школа за докторски студии, се реализира студиски престој во Белград на Факултетот за применета уметност под раководство на проф. д-р Немања Смичиклас и Факултет за уметност во Приштина со седиште во Косовска Митровица и Звечан под раководство на проф. д-р. Невена Поповиќ. Престојот е во полза за научно истражување и изработка на докторската дисертација „Интердисциплинарниот пристап во методологијата на конзервацијата и реставрацијата на сакралната уметност во периодот од средината на XIX и почетокот на XX век во Кумановско-осоговскиот крај на Македонија”.
Кумановската уметница Валентина Илијевска е докторанд на Културолошки студии на Институт за македонска литература при УКИМ во Скопје под менторство на проф.д-р. Илија Велев, каде што истражува за сакралната уметност и творештвото на зографите и ја обработува проблематиката за конзервацијата и реставрацијата, поле на кое работи и се усовршува паралелно со ликовната уметност. На Приштинскиот Факултет за Уметност, Илијевска имаше можност да ја претстави уметноста на Дебарската школа на мајстори и зографи и дисциплината на конзервацијата и реставрацијата на нивното творештво. Во самото излагање беа изложени и макети од кумановските цркви посветени на Св. Никола и Св. Троица, кои беа во полза за изработка на магистерскиот труд во 2014 год. и воедно и запознавање со нашиот крај од Македонија. Оваа научна и промотивна дејност е во реализација од Министерство за култура и туризам, со поддршка од градоначалник на општина Куманово, каде што самиот град во неколку наврати ја промовира и поддржа уметноста на Илијевска надвор од нашите македонски простори. Илијевска во оваа прилика се заблагодарува на градоначалникот Максим Димитриевски кој несебично и успешно стои зад секој успешен кумановец.
