Физички нападнат вработен во депо на ЈП „Куманово паркинг“ од жител на Опае
Полициски службеници од СВР Куманово денеска во 10 часот и 20 минути лишиле од слобода 47-годишен жител на липковското село Опае. Тој се сомничи дека денеска, по претходна вербална расправија, физички нападнал вработен во ЈП „Куманово паркинг“, додека бил на работното место во депо на пајак службата. Напаѓачот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Куманово.
Денеска, во 11 часот во СВР Куманово, 33-годишна жена од Куманово пријавила дека на 01.01.2025 година околу 17.30 часот, нејзиниот поранешен сопруг дошол во нејзиниот дом и откако претходно непристојно се однесувал кон неа и физички ја нападнал. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.