Опожарен смет во контејнери во населбата Перо Чичо

Екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирале на неколку локации.

Во населбата Перо Чичо пожарникарите гаснеле опожарен смет во два контејнера, имале интервенција на опожаренио дрво на улицата „Моша Пијаде“, а интервенирале и на опожарена сува трева и грмушки во Горно Којнаре.

Нивните колеги пак,  од Територијалната протвпожарна едница од Старо Нагоричане гаснеле опожарена сува трева и грмушки во селата Орах и Облавце.