ВИДЕО: Општината со поддршка за вршење работи од социјална заштита
Општина Куманово објави јавен повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженијата во градот.
Предност при остварување на правото на финансиска поддршка ќе имаат здруженија коишто се во фаза на развој, односно подготовка или воспоставување на социјални услуги коишто се дел од Социјалниот план на општина Куманово 2023-2026 година.